Непријатниот мирис кој понекогаш го чувствуваме е резултат на бактериите под пазувите, а многу често и резултат на храната која ја конзумираме.
Со помош на следните правила ќе им овозможите на жлездите непречено да ја извршуваат својата функција,а притоа тоа воопшто да не се почувствува.
1 . Влакненца
Најважно е редовно одстранување на влакненцата бидејќи на нив се задржуваат бактерии кои го предизвикуваат непријатниот мирис. Редовно одстранувајте ги дури и во текот на зимата бидејќи на тој начин ќе ја избегнете или ќе ја намалите иритацијата на кожата.
2 . Дезодоранс
После секое туширање под пазувите ставете дезодоранс или антиперспирант. Најдобри се оние без алуминиум бидејќи не ги затвораат порите и не ја реметат работата на жлездите.
3 . Марамчиња
Кога ќе осетите дека пазувот е мокар, а не сте во можност да се искапете, потта упиете ја со хартиено марамче или пешкир. Кога пазувот ке се исуши, повторно ставете дезодоранс.
4 . За да спречите на вашата гардероба да се појават темни дамки од потење, под пазувите можете да ставите влошки кој ја впиваат потта и не се приметливи.