Сината е многу популарна боја за внатрешен дизајн и има повеќе нијанси – од темно сина до тиркизна. Изгледа дека секој си има омилен тон на сината боја. Затоа за вас имаме неколку прекрасни идеи за спална соба со сини елементи. Изберете ги внимателно нијансите на сина, кои ќе ги користите во спалната соба, бидејќи некои од нив делуваат многу ладно и не се соодветни за оваа соба. На пример, топлите сини тонови можете смело да ги користите на зидовите. Тиркизната боја е одличен избор за женствен и мажествен дизајн на спалната соба и создава многу весела и свежа атмосвера. Погледнете ги фотографиите подолу, и ќе најдете уште многу инспиративни идеи!
























