Art & Crafts

Неколку корисни совети како да живеете подолго и поквалитетно

– Насмевка
Кога се смееме нашето тело испушта помалку хормони на стрес, кој предизвикува заболувања и го забрзува процесот на стареење
– Без стрес
Што можеш денеска, не оставај за утре, бидејќи во спротивно непрестано ќе размислуваш за недовршените работи и ќе бидеш под стрес.
– Интимност
Редовните сексуални односи исто така ќе ти помогнат, бидејќи во себе содржат два битни фактори за продолжување на животот- опуштање и поврзување со партнерот. Утринскиот секс го ослободува хормонот за добро расположение.
– Исхраната
Колку е твојата исхрана по шарена, толку е подобра за здравјето. Овошјето и зеленчукот се богати со антиоксиданси кои го успоруваат процесот на стареење.
– Движењето
За добро здравје доволно е 30 минути било каква активност дневно. За уште подобро здравје, нека ти се придружи на пример уште некој. Дружењето со драгите личности, помага против осаменост и депресија.
– Помагање
Докажано е дека луѓето кој им помагаат на другите подолго живеат и имаат многу помалку здравствени проблеми од оние кои мислат само на себе. Тоа не прави посреќни, посмирени и исполнети.

Напиши коментар