Замислете дека среќата е цвет. Ако не го полевате секој ден и не се грижите доволно добро за него, тоа ќе свене. Ви нудиме неколку совети како да бидете среќни – без многу напор, без да ве чини ништо… А резултатот е завидувачки!
Вреди да се обидете.
Сватете дека животот е училиште. Вие сте тука за да учите. Тешкотиите се лекции. Тие доаѓаат и си одат, но наученото останува.
Она што другите мислат за вас, не ве интересира.
Не можете да изберете што да ви се случи. Но може да изберете како да го доживеете.
Прегрнувајте ги и бакнувајте ги почесто вашите најблиски.
Не го трошете вашето драгоцено време во озборувања, мисли на минатото и работи кои не зависат од вас. Фокусирајте се на “тука и сега”.
Водете љубов! И секогаш уживајте како да ви е последно.
Не им завидувајте и не им судете на другите. Немате поим низ што поминале.
Учете по нешто ново секој ден. Прочитајте повеќе книги од минатата година.
Дури и да не ти се оди некаде. Облечи се и излези.
Парите се заработуваат, парите се трошат… Тие секогаш се средство. Не цел!
Колку лоша или добра да е некоја ситуација, тоа ќе се промени.
