Да си жена не е секогаш лесно, но пак е неверојатна привилегија. И, девојки, ако некогаш ви налетаат мислите за тоа колку им завидувате на мажите, споменете си ги овие неколку предности за тоа да си жена…
– Можеш да ги прегрнуваш луѓето без причина и без тоа да биде чудно.
– Можеш да го менуваш презимето неограничен број пати, по секој брак. А, можеш и да не го правиш тоа ако не сакаш.
– Немаш постојана потреба да се чешаш помеѓу нозете.
– Можеш да носиш накит каков што сакаш и колку сакаш.
– Шминката ти помага да ги сокриеш несовршеностите и да изгледаш добро.
– Секогаш има кој да ти отвори или да ти задржи врата.
– Можеш да имаш многу и различни стилови на фризури, да се ослободиш од долгата коса и да не изгледаш чудно.
– Секогаш си во право! Никогаш не грешиш и вината не е твоја!
– Имаш женска интуиција.
– Можеш успешно да се справиш со неколку работи истовремено.
– Жената е прототип на Google – таа знае се!
– Никогаш на се срамиш! Дури и во тоалетот, секогаш со барем една пријателка.
– Ретко добиваш “не” за одговор.
– Можеш да плачеш на тажни филмови без да се оправдуваш дека нешто ти влегло во окото.
