Се поголемиот процент на разведени бракови ги поттикна истражувачите да го побараат волшебниот лек кој ке им помгне на сопружниците да ги пребродат тешките моменти и да останат заедно. Еве ја листата на неколку кривци на кои не смеете да им дозволите да влезат во вашата врска.
Неверството и недостатокот на доверба тешко се преболуваат!
За да можете навреме да се фатите за работа и да пробате да го очувате бракот, многу е важно да ги откриете знаковите кои упатуваат на тоа дека врската оди кон својот крај.
Листата од десет најчести причини поради кои често доаѓа до развод на браковите ја составилe сексолози и психолози.
Оваа листа открива работи преку кои партнерите тешко ќе поминат, но и стручњаците тврдат дека доколку се случи една од нив, ќе биде многу тешко и скоро невозможно врската да се спаси.
На самиот врв се недовербата, незадоволството од сексуалниот живот и неверството.
10 главни причини за распаѓање на браковите
– Неверство
– Недостиг на внимание од страна на партнерот
– Незадоволство од сексуалниот живот
– Губење на довербата
– Поинакви погледи на светот
– Недостиг на страст во врската
– Недостиг на спонтаност
– Недоволна комуникација
– Недостиг на романтика
– Непочитување на партнерот