Иако неон боите уште минатата сезона на голема врата влегоа во светот на модата, и оваа сезона се нешто без што не можете да ја замислите идеалната комбинација.
Правило е дека со овие бои не треба да претерувате и не мора секој моден детал што ќе го носите да биде во тренд. На пример, можете да облечете и најобична маичка и шорц, да ставите лак со некоја неон боја и да го искомбинирате со нараквици во повеќе неон нијанси и ќе бидете апсолутно во тренд.
За да го испратите овој неон тренд на прав начин, во нашата галерија ви прикажуваме фотографии кои можат да ви послужат како инспирација.







