Сент Луција е еден од најубавите острови во светот. Се наоѓа среде топлите води на Карипското море.
Островот е поранешна британска колонија. Прогласува независност дури во 1979 година.
Населението е измешано, но преовладуваат црнците и мулатите, а многу мал дел се европејци, потомци на француски и британски колонисти. Главниот град на Луција е Кастро, кој се наоѓа на северозападниот брег.
Различните природни пејсажи, џунглите, плажите со црн песок, како и плантажите со какао го прават ова место неверојатно привлечно за обожавателите на мирот и чистата животна средина.
Климата на островот е тропска и затоа во текот на целата година има високи температури. Дури во најстудениот месец, кој е јануари температурата е 29 степени.
Официјален јазик на населението е англискиот, но во дијалектот се чувсвува и француско влијание.
Неверојатен карипски остров, кој со задоволство би го посетиле некој ден!

.jpg)

.jpg)







