Sweet Home

Неверојатна креација на архитектурата

Со задоволство ви представуваме еден неверојатен “дом” или поточно палата во Кејптаун, Јужна Африка, кој ни го привлече вниманието како магнет.

Оваа прекрасна куќа е дизајнирана од SAOTA ( Stefan Antoni Olmesdahl Truen Architects).

Луксузната палата се карактеризира со модерна архитектура, пространи простории, модерен ентериер, многу светлина, голем базен и зелен двор.

Домот е дизајниран со мноштво отворени простории кои создаваат чувство на просторност и слобода во кој со задоволство би сакале да престојувате.

Огромните панорамски прозорци откриваат еден незаборавен и прекрасен поглед. Можете да уживате во отворената градина гледајќи го романтичното зајдисонце.

 

Напиши коментар