Motherhood

Неверојатно! Чудото на човечкиот живот, собрано во неколку фотографии

10 години – толку време од својот живот му било потребно на фотографот Ленард Нилсон, за да за на направи некои од најпознатите неверојатни фотографии кои можат некогаш да бидат видени.

Кадрите кои го откриваат чудото на човечкиот живот!

Како се раѓа оваа идеја? Уште од детството Нелсон имал две омилени играчки – микроскоп и фотоапарат. И ете, по толку години тој може да покаже пред светот како се развива еден ембрион во утробата на мајката.

Глетката е навистина уникатна. Те тера да молчиш и да се восхитуваш на раѓањето на еден човечки живот. Но најсилното влијание на овие слики е дека тие потсетуваат на секој еден од нас, дека е посебен и дека се појавил на овој свет, за да проживее еден неповторлив, прекрасен живот.

Направете го тоа! Не го трошете времето што ви е дадено. Бидејќи видете само низ што сте поминале, за да го заслужите…

Овој сперматозоид е во јајцеводите и се движи кон јајце клетката.

Еве ја и целта! Имено – јајце клетката.

Средбата!

Еден од 200 милиони сперматозоиди успева да ја оплоди јајце клетката.

По една недела веќе имаме пупка, која успеала да помине од јајцеводите во матката.

По  уште една недела ембрионот е веќе зацврстен за матката.

Ден 18! Срцето на малото суштество веќе почнува да пулсира.

На 22-риот ден сива материја или мозокот веќе се појавил.

28 дена по оплодувањето.

5 недели по оплодувањето веќе се разликува нешто како лице со уста, ноздри и очи.

Ембрионот е на 40 дена и веќе почнува да се формира плацентата.

8-та недела.

Ембрионот е веќе во 10-тата недела и ги користи своите раце за да се запознае со околината.

16-та недела.

На 18-тата недела ембрионот сега веќе може да слуша звуци од околниот свет.

19-та недела.

20-та недела. На ембрионот веќе почнува да му расте коса.

24-недела.

6 месеца.

36-тата недела. Уште еден месец и бебето ќе се роди!

Write A Comment