Луксузот е она што го дефинира Clifton View 7 станот od Аntoni Associates…
Овој фантастичен стан се наоѓа во Кејп Таун во Јужна Африка. Станот има две нивоа и поседува четири спални соби, апартман, теретана, коктел бар и вински подрум. Локацијата се наоѓа над драматичните карпи и Атлантскиот океан и има прекрасен поглед на Clifton плажата. Во станот се влегува од горното ниво. Трепезаријата, дневната соба и кујната се отворени и имаат директен пристап кон пространата тераса.
Движејки се низ станот, тргнуваме на патување низ стиловите и идеите. Спиралните скалила ги спојуваат двете нивоа на овој стан. Барот во базенот води кон голем базен за пливање и спа терасата со несметан поглед на морскиот пејсаж. “Infinity” базенот ви овозможува да отпливате од базенот до пространството на Атлантскиот океан и да уживате во мирниот поглед.