Џулија Вино е сјаен пример за Израелските дизајнери, како тие ја гледаат уметноста и како знаат да ја претстават жената во најдобро светло. Инспирацијата за невестинските фустани за Вино 2014 доаѓа од сензуалните и гламурозните креации на црвениот тепих. Фусаните се креирани за да бидат прилепени за телото на жената се со цел да се оформи тенка и мазна силуета. Провидните и непровидните платна се споени со големо внимание за да се добие илузија на статуа фигура. Голем акцент се става на деколтето кое најчесто е во V израс и е направено од чипка.










