← НАЗАД НА БОЗА

Ни Линдзи Лохан не одолеа на реалните шоуа!

Ни Линдзи Лохан не одолеа на реалните шоуа!
704 Читања

По деведесет дена рехабилитација, Линдзи Лохан своето прво екслузивно интервју ќе го направи со Опра Винфри. Исто така, телевизијата OWN која ја поседува Опра, во текот на 2014 година ќе прикажува реално шоу со оваа холивудска глумица. Шоуто ќе започне да се снима во август оваа година и ќе содржи осум епизоди, кои ќе го прикажат нејзиното враќање на сцената и борбата да остане трезна. Во последно време камерите воглавно ги бележеа скандалите кои ги причинуваше оваа холивудска ѕвезда, меѓутоа Опра одлучи да и даде уште една шанса.

Интервјуто ќе биде прикажано во август, а реалити шоуто во 2014 година. Проблемите на Линдзи почнаа уште во 2007 година, кога два пати беше уапсена поради возење во пијана состојба и слични прекршоци, кои резултираа со затворска казна.

Lindsay Lohan and Charlie Sheen at Scary Movie V Premiere in Hollywood

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk