ШоуБиз

Ники Минаж ги отпуштила фризерите и шминкерите по гласините за пластичната операција

Ники Минаж од неодамна е оптужена дека нејзиниот изглед не е природен и дека се подвргнала на бројни естетски операции, што пеачката демантирала, но овие гласини не поминале без недолжни жртви.

Пеачката наводно го отпуштила својот тим на фризери и шминкери за кои смета дека се одговорни за тоа што таа изгледа неприродно, бидејќи иако фановите ја нарекуваат барбика таа не сака да изгледа пластично. Изворите тврдат дека по нејзиното учество во Америчкиот идол, таа сака да се афирмира како права поп уметничка. “Ники очајнички сака да ја сватат како озбилна музичарка. Ја отпушти својата долгогодишна фризерка која е одговорна за некои нејзини луди фризури во текот на претходните години. Исто така ја отпушти и нејзината стилистка”. откри изворот.

Напиши коментар