Дестинации

Нова Година во Доминикана

Доминиканската Република се наоѓа на островот Хиспањола,кој го дели заедно со Хаитите.

Овој магичен Карипски остров припаѓа на Големите Антили, заедно со Куба, Порторико и Јамајка. Главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, за Доминиканците е исто како што е Њујорк за Американците – вистински колаж на култури. Официјален јазик е шпанскиот, но локалните жители, кои секогаш се насмеани и љубезни, одлично се снаоѓаат со англискиот, францускиот и други јазици.

Климата во Доминикана е идеална во текот на целата година, и често може да се слушне дека таму владее вечно лето. Без разлика дали сте во потрага по забава, одмор или нешто ново, Доминиканската Република ви нуди сè.

Доминикана е лулка на огненените танци кои создаваат вибрирачки пулс кој полни батерии на целиот остров. Сјајните шеќерно бели плажи од сништата над кои се надвиваат совршени палми, тиркизно море, сино небо прошарано со бели пердувести облаци, импресивни планини кои се протегаат преку спектакуларните реки и водопади, слатководни езера, егзотична флора и фауна, се само дел од богатствата од кои ќе се чувствувате како да сте во рајот.

Од градот Кофрези до Наг во источниот дел на Доминиканската Република се наоѓа најголемата концентрација на ниски планински шуми и бескрајни плажи, како и евтини туристички СПА центри.

Тука може да уживате во возење велосипед, планинарење, јавање, сурфање на ветер, параглајдерство, нуркање… Велат дека ова е најдобро место на светот за скијање на вода, возење кануа и истражување на џунглата и насликаните пештери кои се стари околу 2000 години.

Сè уште не е доцна да го испланирате вашето новогодишно патување, заминете во Доминиканската Република, и наместо ладна планина, приуштете си топло задоволство.

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

NOVA GODINA U DOMINIKANI

 

Write A Comment