Убавина

Нова манија: Лак од тескас

Сите сме сведоци на секава мода во однос на ноктите – сјајни никти, со декоративни украси или со пердуви, но оваа пролет тексасот ќе биде буквално насекаде, вклучувајќи и врз вашите нокти.

Лакот за нокти со “тексас ефект” е вистинско уметничко дело. Тој ќе влезе во продажба во САД следниот месец  и тотално ќе ги промени сите представи за модерното.

Боите на тексасот ќе се движат помеѓу индиго, матирани темни нијанси или класично сино.

За оние кои сакаат да експериментираат авторите на идејата имаат развиено посебни тонови со сребрени или златни декорации или кристали. Стилистите очекуваат трендот да се претвори во вистински хит за пролетната сезона.

Друга новина за топлите денови ќе бидат ноктите, богато украсени со скапоцени украси.

Многу од познатите личности полуделе по последниот тренд на “кадифени нокти”. Колекцијата вклучува пет различни нијанси на прав, кој се нанесува врз веќе лакираните нокти и ги прави да изгледаат меки, па дури и пуфнасти.

 

Напиши коментар