Свестраната американка, купи нова куќа во Калифорнија…
Сместена во Hidden Hills, куќата се простира на 1020 метри квадратни. Цената која шармантната Џесика ја платила за оваа вила изнесува 13 милиони амерички долари.
Поседува 6 спални соби, 10 бањи, пространа кујна, прекрасно дизајнирана дневна соба, канцеларија, подрум за вина, домашно кино… Прекрасниот поглед се простира преку величествените планини и неверојатното градско осветлување.
На поседот се наоѓа мини спа, надворешен туш, прекрасно дизајниран базен покрај кој се наоѓа идеално катче за опуштање, многу зеленило…