Оваа вила чини 11 милиони амерички долари…
Резиденцијата се наоѓа во ексклузивниот дел на Калифорнија, Бел Аир. Се простира на околу 1300 метри квадратни. Во неа се наоѓаат 5 спални соби, 8 бањи, салон за убавина, теретана, кино, терен за кошарка, внатрешен и надворешен базен…
Дизајнирана од страна на архитектот Рон Фирестон, резинденцијата изгледа навистина прекрасно.
Модерниот и рустичен стил се навистина одлично искомбинирани од страна на овој уметник. Врати од рачно ковано железо, предсобјето, кое го краси пархет од ореово дрво, двоспратната дневна соба која со својот ентериер овозможува нестварно уживање. Проосторот е украсен со гламурозен намештај, два камина, уникатни декорации и најсовремени технологии и нуди навистина раскошен престој. Во склоп на дневната соба се наоѓа и еден простор созидан од камен, идеален за чување вина.
Библиотеката со романтичен ентериер, служи за топло опуштање покрај каминот. Главниот апартман поседува голем мермерен камин со совршен дизајн, кралско купатило, суна…
Погледнете ги фотографиите од оваа гламурозна вила…