Здраво тело

Ново откритие за намалување на крвниот притисок

Пронајдена е нова техника за намалување на крвниот притисок, и тоа со деактивација на бубрежните нерви преку радио бранови. Научниците сметаат дека третманот би можел да доведе до потполно нов пристап кон справувањето со висок крвен притисок, кој е значаен фактор за срцеви удари. Некои пациенти кои имаат висок крвен притисок не успеваат да го намалат со користење на лековите и тековните препораки кои укажуваат на промени во исхраната и начинoт на животoт. Терапијата предизвикува драматично подобрување токму кај овие пациенти кои не успеале да го намалат крвниот притисок со многу лекови. Во студијата, која беше објавена во “Лансет”, биле вклучени 106 пациенти, од кои половина биле подложени на радио- бран третманот а другата половина се користела како контролна група. Кај оние пациенти, кај кои била направена бубрежна денервација, како техника, нивниот крвен притисок опаднал за 32%, во период од шест месеци. Постапката се изведува така што се внесува катетер во крвните садови во близина на препоните движејќи нагоре кон бубрезите. Преку цевката се обезбедува продорот на високо-енергетските бранови кои ги деактивираат бубрежните нерви, кои играат улога во подигањето на крвниот притисок.
Професорите од овој институт изјавиле ” Импресивните резултати покажуваат дека овој пристап, има потенцијал да стане вистински револуционерен третман”.

Напиши коментар