Една од најпочитуваните и талентирани дизајнерки ја представи својата најнова колекција венчаници за 2013. година, со која го врати класичниот фустан од типот “принцеза”.
Вера Ванг повторно успеа да не изненади со прекрасни фустани-уникатни и женствени, такви кави што ретко сме виделе…
63-годишната дизајнерка продолжува да создава прекрасни модели, на кои тешко можеме да одолееме. Вистински раскош!
Венчаниците од колекцијата се многу елегантни и луксузни. Омилената дизајнерка на звездите се грижи не само за убавината на невестата, но и за практичноста на своите фустани.