Добро познатиот оцет, кој секојдневно го користиме во кулинарството, има уште голем број примени.
За што главно можеме да го користиме денес? Можните употреби никако не се малку. Еве неколку од нив.
Оцетот ја отстранува болката и температурата
Тоа е доста популарен факт. Кога антипиретиците не помагаат, оцетот е средество кое го спасува човечкиот живот. Може да ставите крпа навлажнета во оцет, да ги потопите нозете во оцет и вода во сооднос 1:1 или во потешки случаи може да се завиткате во чаршав натопен со истиот раствор.
При изгореници најефикасен инструмент е повторно оцетот, измешан со сода бикарбона. Потоа е потребно да се користи соодветен крем, но ако немате, може да користите маслиново масло.
Здравствени придобивки од оцетот
Има истражувања кои покажуваат дека редовната употреба на оцет го намалува лошиот холестерол и триглицеридите. Се смета и дека претпазува од исхемична болест на срцето.
Оцетот има својство да ги раствора телесните масти и затоа заедно со лимонот е исклучително важен во борбата со вишокот килограми.
Исто така тој има антибактериски својства, помага за отстранување на токсините од организмот, ја подобрува работата на бубрезите, ја подобрува циркулацијата и го зајакнува метаболизмот. Не се препорачува за луѓе кои страдаат од стомачни киселини.