Здраво тело

Од што се не штити обичниот аспирин?

Податоците од истражувањата покажуваат дека најмалку 20 проценти од жените постари од 55 години секој ден користат лек против болки за да го намалат ризикот од заболување на срцето. Сега пак, се повеќе докази упатуваат на тоа дека оваа навика, во мали дози, може да има повеќе позитивни последици за младите жени, од спречување на повеќе видови на карцином, заштита на мозокот па се до здрава бременост.

Со сите овие предности, користење на дневни дози на аспирин се чини како добар потег. Можеби. Важно е да имате на ум дека аспиринот како лек носи со себе и разни последици.

Еве што треба да знаете пред да почнете редовно да користите аспирин.

Поврзаноста на аспиринот и спречување на туморот вклучува и карцином на дојката. Едно неодамна спроведено истражување покажува дека аспиринот го успорува растот и ширењето на келиите на ракот. Со друго истражување пак, утврдено е дека секојдневното земање на аспирин го намалува ризикот од рак и до 30 проценти.

Меланом

Во истражувањето се покажало дека редовното земање на аспирин кај постарите жени го намалува ризикот од заболување на рак на кожата.

Гастроинтестинален карцином и карцином на дебелото црево

Истражувањата покажуваат дека секојдневното  користиње на аспирин може да го намали ризикот од ова заболување и за 38 проценти.

Внимателно со користењето на аспирин

Без оглед на сите свои предности,к секојдневното користење на аспиринот има и свои ризици. Дури и малите дози во помала мерка го зголемуваат ризикот од крварење – од малите рани кои во тој случај можат јако да крварат па до крварење во мозокот.

Напиши коментар