Ташни никогаш доста, особено ако се црни и направени од некој елегантен матерјал!
Омиленото парче гардероба кое ви е сеуште драго иако повеќе не можете да го носите, можете да го претворите во своја омилена вечерна ташна.
Потребно ви е:
Матерјал за подстава
Старо здолниште од сомот,или некој друг матерјал по желба
Украсни каменчиња
Копче
Игла, конец, ножици, лента за мерење
Лепак за текстил
Постапка:
– Измерете и исечете едно парче сомот и едно парче од матерјалот за подстава 40 со 70 сантиметри. Ставете го сомотот на работната површина со лицето надолу, и преку него ставете го матерјалот за подстава. Свиткајте ја подставата по ивиците, за да можете да ставите лепак и потоа да го прилепите за сомотот од три страни.

Потоа ставете лепак на самиот матерјал за подстава по тие три ивици и свиткајте го матерјалот два сантиметри навнатре.

– Свиткајте го матерјалот нагоре но оставете доволно за преклопување, пота залепете од страна.

Сошијте копче за отворање и затворање на ташната, и на крајот залепете украсни каменчиња од предната страна.
