Motherhood

Оставете ги децата да избираат сами

Еден од најважните моменти од уметноста да бидеш родител е да знаеш кога треба да се вклучиш и кога треба да го оставиш детето да избира само.

Првото нешто што секој родител треба да го разбере е дека детето е посебна личност и дека она што би ве направило вас среќни не е задолжително да се совпадне со она што би го усреќило вашето дете.

Колку порано му дадете слобода да избира, толку поодговорен ќе биде младиот човек и ќе расне со идеата дека неговиот живот е во неговите раце и зависи од него.

Проблемот со правото на избор никогаш не треба да се подценува. Колку поретко го оставате детето да избира само, толку понеуверено ќе расте и нема да ја има потребната самодоверба. Нели не сакате после извесно време вашето дете да не може да земе решение, без да се сомнева во исправноста на својот избор?

Така на пример, кога е сосема мало детето, оставете го само да ја избере бојата на облеката или играчките со кои сака да си игра. Ова нема допирни точки со разгалувањето. Да не ги мешаме поимите. Тука зборуваме за моменти во кои детето само може да избере што му се допаѓа. После некое време тоа ќе се одрази врз неговиот карактер.

Мудрите луѓе велат дека изборот е одговорност што не секој може да ја прифати.

Напиши коментар