Дестинации

Остров од соништата – Calivigny,Кариби

Издишете длабоко и заборавете на негативностите што Ве опкружуваат. Би сакале да Ве мотивираме со дестинација која ги елиминира сите горчини на животот. Премногу е убава за да биде вистинска, но сепак… постои, а најдоброто од природата е само Ваше „ Добредојде“…

Целиот остров е опкружен со преубавите тиркизни води на Карибите. Недопрените бели песочни плажи, бујните тропски градини и кристално чистата вода, ова место го прават едно од најбараните дестинации. Островот Calivigny е предвиден за мали и средни групи во резиденции со по 10 апартмани. Главната зграда има „вкусна“ мешавина од францускиот колонијален декор и распоредот кој овозможува максимална приватност на секој гостин.

Насочете ги мислите позитивно… за момент, отпатувајте во Calivigny !

 

Напиши коментар