Здраво тело

Отстранете ги брадавиците со народна медицина

Брадавиците се непријатен проблем, кој се среќава како кај возрасните, така и кај децата. Најчесто се развиваат на рацете, на прсите на нозете и на вратот. Нивното лекување е долготрајно и понекогаш прилично болно.

Често се случува по примарното одстранување да се појават повторно или да се размножат по телото. Ако веќе сте испитувале секакви методи за нивно отстранување, но тие не дале позитивен резултат, испробајте ја оваа природна нега.

Направете паста од смокви и сок од моркови и ставете ја на болното место. Ако брадавиците се на рацете и нозете ставете газа врз пастата. Кога брадавицата е на лицето, брадата или вратот ставате ја пастата како маска. Нека отстои еден час, а потоа отстранете ја со вода.

Направете паста од свеж лук и применувајте го на брадавиците секоја вечер. Ако брадавицата е на место на кое може да се стави и газа добро е да легнете со оваа паста од лук и дури наутро да ја измиете. Ако е на лицето или вратот оставете ја еден час да дејствува.

Измешајте свеж сок од ананас со сок од ѓумбир и со помош на памук нанесте на брадавиците.

Користете ја и силата на маслата. За таа цел намачкајте ги брадавиците со рицинус.

Исечете еден компир на половина. Со едната половина тријте ги брадавиците и покриете ги со сув песок за да може да се исушат. По една недела брадавиците ќе паднат.

 

1 Коментар

Одговори на daniela Откажи одговор