На страницата на др.Оз пронајдовме рецепт за чај од банана. Докторот советува дека ова е одличен топол пијалок за пред спиење, односно за добар сон. На наше изненадување, чајот е одличен!
Ставете половина литар вода да зоврие. Една банана (неизлупена, повторуваме – неизлупена) исечете и ги краевите со нож. Ставете ја во водата што врие и оставете ја да се вари околу 10 минути. Потоа извадете ја бананата, а чајот е подготвен за пиење откако ќе се излади. Овој необичен вкус, дефинитивно вреди да го пробате.
Банана – сон, како, зошто?
Доколку постои некоја строго природна намирница која може да биде алтернатива на апчињата за спиење, тогаш тоа е дефинитивно бананата. Магнезиумот во нејзиниот состав ќе ги опушти мускулите и така ќе го смири телото.
