← НАЗАД НА БОЗА

Ова се намирниците кои бавно не убиваат!

Ова се намирниците кои бавно не убиваат!
741 Читања

Голем дел од додатоците кои се користат во прехрамбената индустрија се опасни за здравјето, а во некои случаи можат да предизвикаат рак. Речиси за сите нив се направени медицински истражувања кои недвосмислено покажуваат дека се многу штетни и забранети за употреба. И покрај тоа овие опасни сустанции сеуште се дел од многу прехрамбени производи кои бавно но сигурно го нарушуваат нашето здравје.

Аспартам

Аспартамот се користи како засладувач и е замена за белиот шеќер во нискокалоричните десерти и пијалоци кој треба категорично да се избегнува.

Натриум нитрат

Натриум нитратот е на прво место во списокот со најопасни додатоци, а кој се користи при производството на продукти од месо – сувомеснати и конзервирани месни продукти. При термичка обработка на продуктите натриум нитратот преминува во опасен хемиски агенс кој е карценоген.

Во 1970 година имало обид да се забрани неговата употреба, но како и обично корпоративните интереси и лоби групите не го дозволиле тоа.

Натриум глутамат

Натриум глутаматот познат како кинеска сол представува аминокиселина која го подобрува вкусот на продуктите и најчесто ја има во готовите сосови за салати, готови супи, чипс, замрзнати полуфабрикати. Се употребува во веригите за брза храна.

Калиев ацесулфам

Ова е релативно нов засладувач кој се употребува во газираните пијалоци од 1998 година. Се додава во желатинските десерти и мастиките. Многу анализи до сега покажале дека предизвикува рак, но неговите заштитници тврдат дека нема доволно докази, се додека има економска полза од него се разбира.

Бутилоксианизол

Ова е антиксиданс кој се користи да го спречи закиселувањетѕо на производите, а го има најчесто во чипсовите, грицките, растителното масло и мастиките. Бутилоксианизолот е нестабилен и во организмот може да се трансформира во друга материја што води до патолошки промени во ткивото и појава на тумори.

Пропилгалат

Ова е исто така антиоксиданс како бутилоксианизолот и го има во истите продукти. Експертите препорачуваат да се избегнуваат намирници кои го содржат Е310. Истиот е забранет за употреба во бебешката храна.

Олестра

Олестра е лажна маст без калории која ги заменува мстите во некои видови чипс и грицки. Преминува низ системот за варење без да се апсорбира но ја спречува апсорбцијата на другите хранливи материи.

Калиум бромат

Веднаш штом влезе во организмот калиум броматот се претвара во друга материја која го зголемува ризикот од тумори. Спроведени се многу тестови со Е924 кои покажуваат дека е мошне канцероген и предизвикува активен развој на туморни клетки. Калиум броматот се користи ретко но сеуште се користи при подготовката на бели пецива за тие да добијат на волумен. Порано се користел редовно при производството на газирани пијалоци, но во 2000 година повеќето производители се откажуваат од него поради карциногените својства, но мора да напоменеме дека не сите.

Вештачки бои

Производителите ги користат овие додатоци со цел производите да имаат атрактивен изглед. Се користат во најразлични прехрамбени продукти – мастики, бонбони, пијалоци, црвено вино, сосови, желатински производи, колачи, торти.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk