Art & Crafts

Ова вреди да го прочитате!

Гледаш како светот поминува покрај тебе, се движи и гледаш како сите други водат позначаен и поисполнет живот од тебе. Не знаеш што ти се прави, а и да знаеш “правењето” го одложуваш. Не ја оценуваш љубовта како порано. Се плашиш да не згрешиш со постапка или со зборови. Не си се допаѓаш. Се грижиш за се или пак не ти е гјле за ништо…

Пропадната си во мртва точка на застојот, од која е добро да избегаш што е можно поскоро.

Еве и неколку знаци кои со сета сила ти викаат дека треба да направиш нешто со себе и својот живот.

Животот е промена и постојано движење. Да изостанеш од ова темпо, е избор. Не шанса, туку избор, кој ја одредува твојата судбина.

НЕ ПРЕВЗЕМАШ ОДГОВОРНОСТ ЗА ОКОЛНОСТИТЕ ВО КОИ СЕ НАОЃАШ

Премногу луѓе ја обвинуваат лошата судбина или лошата среќа за ситуацијата во која се наоѓаат. Малкумина од нив признаваат дека ситуацијата им е дирекна последица од изборот што го направиле.

ПРЕПУШТЕНА СИ НА СТРАВОТ

Запомни, да им дозволиш на стравовите да управуваат со твојот живот е алармантно и непотребно.

ПРОДОЛЖУВАШ ДА ГО ИГНОРИРАШ ВНАТРЕШНИОТ ГЛАС

Го потиснуваш она што природно те вика. Не се чувствуваш вистински жива. Не одиш по својот пат, туку ги исполнуваш очекувањата на другите.

НЕГАТИВНА СИ

Лошите чувства се како плевелот. Ако не ги искорениш од корен, ќе продолжат да растат. Затоа превземи ја контролата над својата судбина. Верувај во себе. Избегнувај негативни луѓе, места и навики.

НЕ ГО ЦЕНИШ ОНА ШТО ГО ИМАШ

Можеби немаш се што сакаш во моментов, но имаш се што ти е потребно за да продолжиш напред. Животот не е фер и не е совршен, но сигурно е убав.

ЖАЛИШ ЗА ВРЕМЕТО КОЕ ВЕЌЕ Е МИНАТО

Човек не може да го подобри денешниот статус ако живее во минатото. Има причина некои работи во животот да се случуваат или да не се случуваат. Понекогаш загубите остануваат недоценети. Жртвите неразбрани. Но тие се цената за други убави нешта кои предстојат во вашиот живот. Само продолжете го своето патување, фокусирајќи се на сегашноста, давајќи го најдоброто од себе.

СЕКОЈА БИТКА СЕ ПОЈАВУВА СО ПРИЧИНА. ДА НИ ДАДЕ НОВО ИСКУСТВО ИЛИ ЛЕКЦИЈА.

И… НЕМА СКРАТЕН ПАТ ЗА ТАМУ КАДЕ ШТО ВРЕДИ ДА СТИГНЕШ!

ПОСТОЈАТ НЕКОИ НЕШТА ВО ЖИВОТОТ КОИ НИКОГАШ НЕ УСПЕВАМЕ ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ЦЕЛОСНО. НАЈДОБРОТО ШТО ТОГАШ МОЖЕМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ, Е ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД НИВ ПОЛЕКА. СЕ Е ВО РЕД. БИТКАТА ВРЕДИ. СЕУШТЕ ИМА МНОГУ УБАВИНА, КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ НА ПАТОТ НАПРЕД.

Напиши коментар