Мојата кујна

Овошна торта

Потребни состојки за кората:

–          100гр маргарин

–          100гр шеќер во прав

–          2 лажици кисела павлака

–          3 јајца

–          180гр брашно

За филот:

–          750гр замрзнати рибизли или некое друго замрзнато овошје

–          150гр шеќер во прав

Подготовка:

Растопете го маргаринот и додадете му го шеќерот, павлаката, жолчките и брашното. Направената смеса за кората оставете ја да одстои околу половина час. Потоа развиете тесто со дебелина од 2 сантиметри, врз него додадете го овошјетo и ставете го во рерна загреана на 180 степени. Претходно одвоете 100 грама овошје и од него направете пире, а од белките и шеќерот во прав  изматете шлаг и измешајте го со пирето. Колачот печете го околу половина час, а потоа врз него ставете го шлагот и повторно вратете го во рерна уште дваесетина минути.

Напиши коментар