ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500гр тиквици
Неколку чери домати
60гр путер
1 свеж магдонос
100гр бри сирење
2 јајца
50гр рендан пармезан
малку бибер
125мл млеко
1.5 лажици сол
100гр брашно
мускантно оревче
ПОДГОТОВКА:
Тиквичките измиете ги, излупете ги и изрендајте ги. Ставете сол, и оставете еден час или повеќе, тиквичките да пуштат вода, а потоа добро исцедете ги . Магдоносот исечете го ситно и поделете го на два дела.
Во исцедените тиквици додадете ги млекото, јајцата и истопениот путер. Ставете го брашното, пармезанот, половина од исецканиот магдонос, додадете сол, на врвот од ножот мускантно оревче и бибер.
Загреете го тефлонското тавче, капнете малку масло, па сипајте ја смесата со дебелина од еден сантиметар.
Сервирајте со тенки парчиња бри сирење и малку чери домати, па наросете со магдонос.