← НАЗАД НА БОЗА

Палачинки со ананас

Палачинки со ананас
740 Читања

Потребни состојки:

За тесто:

  • 2 јајца
  • 30мл млеко
  • 250гр брашно
  • сол
  • лажица шеќер
  • лажица рендана кора од портокал
  • масло

За фил:

  • 200гр мелени ораси
  • 50 гр шеќер

За декорација:

  • ананас од конзерва
  • шеќер во прав
  • цреши од слатко

Начин на подготовка:

За палачинките изматете ги јајцата и млекото, додадете брашно, сол, шеќер, исрендана кора од портокал и мешајте додека не добиете соединета смеса. Оставете да одстои 10 минути. Во загреана подмачкана тава испечете тенки палачинки од двете страни. На секоја палачинка посипете шеќер и ореви и замотајте. Наредете ги во подмачкан огноотпорен сад и посипете ги со шеќер во прав. На секоја ставете по три прстени ананас и кратко потпечете. Пред сервирање украсете со слатко од цреши.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk