Мојата кујна

Палачинки со крем од портокал

Потребни состојки:

  • 250мл слатка павлака
  • 100гр шеќер во прав
  • 200гр крем сирење
  • 1 портокал

Начин на подготовка:

Изматете крем сир со шеќер. Слатката павлака добро изматете ја, па соединете со сирењето. Измијте го портокалот и изрендајте ја кората. Исцедете сок од портокал, па во смесата од сирење и шлаг додадете три лажици сок и изренданата кора. Богато филувајте ги палачинките и свиткајте ги.

Напиши коментар