Мојата кујна

Панирани банани

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

50гр брашно

1 ванила

1 шоља млеко

2 јајца

2 банани

50гр путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА.

Изматете ги јајцата, па кон нив додадете го млекото, брашното и ванилата. Тестото треба да биде ретко како каша.

Излупете ги бананите. По желба може да ги исечете по должина или да ги оставите цели. Потопете ги бананите во кашата и пржете ги во путер, додека не добијат златна коричка.

Сервирајте ги топли, по желба прелиени со топка сладолед или со сос од карамел.

Write A Comment