Доколку мажите би се облекувале само да им биде удобно, тогаш нивните ормари без сомнение би биле без класични пантолони со фалти…
Но, бидејќи во последно време изгледот е многу важен, често се размислува и за тоа дали пантолоните со фалти се навистина повторно во мода или само неуспешно враќање во минатото.
Едно е јасно. Во нив со сигурност ќе изгледате уредно и елегантно и вреди да пробате.
Од традиционални до класични, пантолоните со фалти за оваа сезона се предвидени со многу простор за интерпретација врзана со комбинирање со другите предмети.






