Art & Crafts

Пари – секој ги сака, но дали ќе те направат вистински среќен?

Живееме во свет во кој треба да се бориме за сопственото преживување цел живот. Уште од мали се соочуваме со проблемите на своите родители и ни се наложува предвреме да пораснеме. Зошто во речиси секое македонско семејство имало моменти и периоди од време кога само корката леб носела среќа и надеж. А лошото е што за некои семејства ова не е само период туку нивната реалност цел живот.

Децата почнуваат да стануваат мажи и жени кои мечтаат еден ден да станат богати и да обезбедат спокојна иднина за своите рожби. Секој сака да е богат, да поседува власт и да живее раскошно, но тоа не секогаш може да ви донесе вистинска среќа во животот. Среќата не се купува со пари!

За да бидеш вистински среќен треба да сакаш и да бидеш сакан. Зошто најважно нешто на овој свет е љубовта а не парите. Ако си богат можеш да си купиш возачка дозвола, образование, позиција…но љубов?!

Власта на парите понекогаш ги менува многу луѓето. Ако од парталко станеш богат чичко не секогаш е гаранција за успех и среќа. Кога имаш пари забораваш како е да спиеш мирно, макар и гладен, забораваш што е вистинско пријателство зошто си заобиколен само од арогантни скапи костими кои не ги интересира ништо друго освен вашата сметка во банка.

Дали сите овие жртви вредат, за да си богат и да имаш многу зелени хартии. Мислам дека не заслужува. Јас се радувам што не сум богат, зошто ги ценам сите мали работи и убави ситници во мојот живот. Се радувам на фактот што луѓето околу мене ме ценат како личност и ме респектираат поради она што сум, а не поради она што го поседувам.

Напиши коментар