Париз Џексон најверојатно ќе замине на подолго лекување по обидот за самоубиство. Ќерката на Мајкл Џексон ќе биде задржана на психијатриското оделение на клиниката во Лос Анџелес, пренесуваат медиумите.
– Париз ќе остане во болница барем уште една недела а потoа заминува на дополнително лекување – пренесува еден извор. Наводно, таа одлука ја донела нејзината баба Кетрин Џексон, како и нејзината мајка, Деби Роу.
– Ова навистина и паѓа тешко на госпоѓата Џексон. Таа не знае на кој начин да се носи со сето ова.
