Неверојатна е комбинацијата на пастелно сината, пастелно кафените тонови украсени со виолетови детали. Овие бои во комбинација со пастелно розови и портокалови нијанси може навистина да ви пружат одмор и релаксација во домот.
Ви подготвивме една галерија од неколку различни домови во кои секоја соба од домот е уредена во царство на пастелни бои. Можеби и вие ќе добиете инспирација за вашиот дом. Обрнете внимание на секој детал од домот, секоја ситница може да допринесе многу. Почнете од ѕидовите, подот, главниот мебел, завесите, украсните предмети, прекривки, перничиња… се е перфектно.

























