За својата Есен/Зима линија, Paul & Shark брендот ни претставува неколку колекции од различни материјали и современи структури. Јакните се дизајнирани во модерен стил, погоден за екстремните временски услови, а пример за тоа е колекцијата Typhoon 20.000, која е отпорна на ветер и вода.
Колекцијата Heritage Logo е комбинирана од ткаенина и најлон, во комбинација со плетени рабови и потстава. Ултра-лесната кожа е клучен елемент оваа сезона. Дополнително, покрај меката кожа, нивната луксузна колекција претставува широк асортиман на кошули од различни материјали, ткаенини и модели.











