Мојата кујна

Печена бела риба со зеленчук

Компирите излупете ги, исечете ги на тркалца со дебелина од еден сантиметар и ставете ги во зовриена вода. Гответе ги многу кусо (2-3 минути), исцедете ги , а потоа ставете ги во огноотпорен сад и наросете ги со вегета. Додадете ги маслинките,исечканиот лук, доматите, копарот гранчињата рузмарн и маслиновото масло. Се добро измешајте и налејте 150 мл вода. Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. За тоа време рибата исчистете ја, филетирајте ја, попрскајте ја со сок од лимон и малку посолете ја. Од рерната извадете го садот со зеленчукот, отстранете ја фолијата, лесно измешајте и одозгора ставете ги филетите од риба. Потоа вратете го садот во рерна и продолжете со печење на 200 степени околу 25 минути. Пред крај на печењето додадете го виното. Рибата со компирите наросете ги со сечкан магданос и послужете ги веднаш.
Совет:Ова јадење можете да го збогатите ако му додадете зелен или бел аспарагус.
* 1 кг компири
* 150 гр домати
* 100 гр црни маслинки без семки
* 20 гр копар
* 2 чешниња лук
* 2 гранчиња рузмарин
* 50-100 мл бело вино
* 50 мл маслиново масло
* 1 лажица вегета
* 800 гр бела риба(ослич, лист..)
* Малку сол
* 2 лажици сок од лимон
* 1 лажица магдонос
Време на подготовка: 60 минути.

Write A Comment