← НАЗАД НА БОЗА

Печени броколи со туна

Печени броколи со туна
975 Читања

Потребни состојки:

750гр броколи

4 домати со средна големина

Конзерва со туна во сопствен сос (360гр)

Рендан кашкавал

За сосот:

600мл млеко

60гр путер

60гр брашно

Подготовка:

Измијте ги броколите, раздвоете ги на цветови и ставете ги да се варат неколку минути. Откако ќе се сварат, добро исцедете ги и ставете ги во ватростален сад. Врз нив распоредете ја добро предходно исцедената туна, а на крајот врз целата смеса ставете ги доматите исечени на коцки. За сосот истопете го путерот, па додадете го брашното и мешајте. По неколку минути почнете полека да додавате млеко и варете на слаб оган додека смесата не стане густа. Со овој сос прелиете го зеленчукот и туната, нарендајте кашкавал и печете околу 40 минути на 180 степени

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk