Здраво тело

Пијте свежо цедени сокови за убава кожа и брз метаболизам

Постојат многу “За” и “Против” засилента консумација на овошни сокови, но едно е сигурно – треба да пиете исклучително свежо цедени сокови! Само така може да бидете сигурни дека не земате производ со дополнителни конзерванси, шеќери, емулгатори и што ли уште не.

Ако пиете овошни сокови во оваа форма, ќе уживате во многу придобивки за здравјето и фигурата. Пиењето на овие пијалаци, се одразува многу добро на кожата која страда од акни, делува благотворно при проблеми со варењето, го засилува метаболизмот и помага при несоница.

Една од главните предности на овие сокови е дека тие служат како храна на мозокот и соодветно ја стимулираат неговата активност. Тие се ефективни и за прочистување на организмот од наталожените токсини.

Па, кога имате потреба од повеќе витамини, тонус и енергија, свежо исцеден сок е одлична опција!

Напиши коментар