ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 100гр путер
* 100гр темно чоколадо минимум 60% како
* 130гр шеќер
* 3 јајца
* 1 лажица брашно
* 1 кафена лажичка чили или црн пипер
* бадеми или ореви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Путерот и чоколадото истопете ги на пареа. Откако смесата ќе се олади, додадете го и шеќерот и убаво измешајте. Потоа додавајте едно по едно јајце. Конечно додадете го чилито и брашното. Измешајте многу убаво до добивање на хомогена смеса.
- Намачкајте ги формичките за печење со масло, а потоа посипете ги со брашно.
- Распоредете ја смесата во формичките и ставете ги во рерна да се печат 10-15 минути на 180 степени.
- Сервирајте, откако ќе поросите со бадеми и малку слатка павлака.