Мојата кујна

Пилешки гради со лимон и мед

Потребни намирници:

4 парчиња пилешки гради,

2 супени лажици мед,

1 супена лажица соја сос,

1 супена лажица сок од лимон

Градите се мијат и се оставаат да се исцедат од водата. Од горе се расекуваат во вид на крст, при што се внимава да не се продупчат.

Медот, соја сосот, кората од лимон, сокот од лимон, солта и црниот бибер се мешаат во блендер. Со така подготвената смеса се мачкаат градите и се поставуваат врз скара или тава за печење. После 10 минути се вртат и повторно се мачкаат со смесата.

Печеното пилешко со лимон и мед се готви уште 10 минути и се сервира со ориз.

Добар апетит!

Напиши коментар