Потрбни состојки:
4 компири
Сол по вкус
1 главица кромид
Малку масло
4 пиперки
Бибер по вкус
Подготовка:
Подгответе ги пиперките за полнење,така што ќе ги одстраните дршките и семките.
![]()
Ситно исецкајте го кромидот.
![]()
Излупете ги и изрендајте ги компирите.
![]()
![]()
Во чинијата со компири додадете го исецканиот кромид.
![]()
По вкус додадете сол и бибер.
![]()
![]()
Додадете две лажици масло и добро измешајте.
![]()
![]()
Полнете ги пиперките со припремената смеса.
![]()
Наредете ги пиперките во подмачкан плех, премачкајте ги со масло и печете ги 45 минути во рерна загреана на 220 степени.
![]()
![]()
Вака подготвените пиперки послужете ги како топло предјадење или како прилог.
