Motherhood

Писмо до учителот на моето дете

Денеска мојот мал син тргнува во училиште и се таму ќе му биде непознато и ново и затоа би ве замолил да бидете нежни со него. Тој тргнува во авантура која може да го одведе прку континенти во авантура која можеби ќе ја пратат војни, трагедии и патење. Таквиот живот ќе бара верба, љубов и храброст. Затоа драг учителу ве молам да го фатите за рака и да го научите она што треба да го знае. Научете го, но нежно, ако можете.

НАУЧЕТЕ ГО дека на секој непријател доаѓа и еден пријател. Ќе мора да научи дека сите луѓе не се праведни, ниту искрени.

НАУЧЕТЕ ГО дека десет заработени денари вредат многу повеќе од сто пронајдени денари. Научете го како достоинствено да губи и како да ужива во победата кога ќе добие. Научете го да биде толерантен со толерантните, и да не им попушта на оние кој се груби со него.

ОДВРАТЕТЕ ГО од зависностите ако можете и научете го на тајната на спокојната насмевка. Научете го ако можете како да се насмее кога е тажен, научете го дека солзите не се срамота, научете го дека славата може да биде и во поразот, а очајот во успехот.

НАУЧЕТЕ ГО да верува во сопствените идеи, дури и ако сите му велат дека тие се погрешни.

НАУЧЕТЕ ГО да ги продаде своите таленти и мозок на најдобрите понудувачи, но никогаш да не стави цена на своето срце и душа. Нека има храброст да биде нестрплив, нека има трпение да биде храбар. Научете го секогаш да има возвишена верба во себе, бидејќи така секогаш ќе има возвишена верба во човештвото и во Бога.

 

Напиши коментар