ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1кг копири
2 лажици вегета
3 децилитри вода
0.50кг тенки кори
1 лажиче сол
1 кромид
Бибер по вкус
1 децилитар масло
ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ
Излупете ги компирите.
![]()
Исечете ги на коцки.
![]()
![]()
![]()
Ситно исецкајте го кромидот и додадете го во чинијата со компири.
![]()
Додадете бибер и вегета.
![]()
![]()
Се добро измешајте.
![]()
ПОДГОТОВКА НА ПИТАТА
Земете една кора и премачкајте ја со масло.
![]()
![]()
Врз неа ставете друга кора.
![]()
Ставете фил преку целата кора и завиткајте ја во ролат. повторувајте ја постаапката додека не ги потрошите сите состојки.
![]()
![]()
Плехот намачкајте го со масло.
![]()
Наредете ги ролатите во подмачканиот плех.
![]()
Премачкајте ги со масло и печете ги 30 минути на 200 степени.
Пред крајот на печењето, додадете едно лажиче сол во 3 децилитри вода и оставете да зоврие.
![]()
Печената пита полиете ја со зовриената вода и оставете ја да одстои 10 минути.
![]()
Питата служете ја топла.
Пријатно!
