
На првата фотографија по раѓањето на ќеркичката Норт Вест, се гледа како Ким Кардашијан ужива во својот омилен “спорт”, кој е својствен за повеќето новопечени мајки – спиењето!
На фотографијата која ја објавила нејзината сестра Клои Кардашијан на својот Фејсбук профил, фановите за прв пат имаат можност да ја видат мама Ким, која се одмара на креветот, додека Бернард, кучето боксер, ја чува својата газдарица.
