Мојата кујна

Поховано крцкаво пилешко филе

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1кг пилешко филе

* 200гр презла

* 100гр корнфлекс

* 100гр брашно

*  6 јајца

*  масло за пржење

*  сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Во еден сад ги мешаме јајцата, брашното, презлата и корнфлексот.
  • Во смесата ги тркаламе тенко исечените парчиња пилешко и ги пржиме во врело масло.
  • Откако ќе ги испржиме ги вадиме од тавчето и ги ставаме во тава за печење, по желба ставаме и неколку парчиња лимон.
  • Ги запечуваме околу 15-20 минути.
  • Сервираме со свежа салата или гарнир по избор.

Напиши коментар