Шпанскиот тенисер Рафаел Надал уште еднаш потврди дека поседува неверојатни фудбалски квалитети.
Шпанецот во текот на снимањето на една реклама ги воодушеви присутните, а колку силно умее да ја шутне топката, можеше да се увери еден од членовите на екипата.
Надал за време на неодамнешната турнеја во Аргентина ја одмери силата со Новак Ѓоковиќ во изведувањето на пенали и успеа да слави по тој повод.
